Книжевна вечер посветена на италијанскиот писател Луиџи Пирандело ќе се одржи во Младинскиот културен центар. За делото и значењето на овој италијански писател ќе говори проф. д-р. Анастасија Ѓурчинова, а ќе бидат презентирани и кратки филмови снимени по некои од неговите раскази.
Луиџи Пирандело е еден од најзначајните писатели на 20 век. Автор е на повеќе раскази, романи и драми. Добитник е и на Нобеловата награда за книжевност во 1934 година.
Настанот ќе започне вечерва (28-ми април) со почеток во 20 часот. Влезот е слободен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.