Поранешниот НБА шампион Екипата на ЛА Лејкерс кој во последниве неколку години е на дното на лигата, покажува дека во иднина би можел да тим за респект.
По изненадувачката победа над шампионот Голден Стејт во „Стејплс центар“, синоќа „езерџиите“ остварија нова победа во низа овојпат над Орландо од 107-98, а најдобар на паркетот беше Д’Анџело Расел со 27 поени, Џордан Кларксон постигна 24 поени, додека Рендл заврши со 23 поени и 11 скока.
За Орландо, Виктор Оладипо постигна 26 поени, Фурние дополни со 23 поени, а по 10 поени постигнаа Смит и Вотсон.
Портланд е се посигурен учесник во плеј-офот, моментално е шестти на Западот со скор од 34-31, а најзаслужен за новата победа над Вашингтон по продолжение од 116-109 беше Демијан Лилард со 41 поен, 5 скока и 11 асистенции. Меколум постигна 18 поени, вклучувајќи го и кошот за продолжение на пет секунди пред крајот, а Џералд Хендерсон имаше 12 поени.
Кај Вашингтон најдобар беше Џон Вол со 20 поени, пет скока и 11 асистенции, додека Рамонс Сешнс постигна 21 поен.
НБА резултати:
ЛА Лејкерс – Орландо 107-98, Портланд – Вашингтон 116-109, Денвер – Њујорк 110-94, Минесота – Сан Антонио 91-116, Јута – Атланта 84-91, Торонто – Бруклин 104-99
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)