| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска се затемнува Сонцето над Индонезија: Туристичко-научен фестивал за затемнувањето

Над дел од Индонезискиот Архипелаг денеска, 9 март, ќе настапи целосно затемнување на Сонцето, а бидејки појавата ќе се случува најдиректно над Екваторот, настанот ќе го следат над 10.000 странци, од кои половината се професионалци или астрономи аматери.

За странците, но и за најмалку 2.500.000 локални жители во подрачјето на целосната екслипса, на островите Калимантан и Суматра, ќе се организираат и низа фестивали со пагански и верски содржини, со кои народот ќе се моли Сонцето повторно и поблагодетно да огрее.

Меѓу најавените посетители од странство е и една тајландска принцеза, која, според медиумите има намера во јавноста да го покаже фустанот вреден 40.000 долари, што требаше да го носи на откажаната нејзина посета на Камбоџа. Фустанот беше специјално нарачан за посетата на тајландската принцеза на Коамбоџа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top