Државниот архив на Република Македонија по повод 65- годишнината од своето основање, на 1 април 2016 година (20:00 часот) во Македонскиот народен театар организира свечена академија.
Почесен покровител на овој настан е Претседателот на Република Македонија, Д-р Ѓорге Иванов.
На денот на одбележувањето на овој јубилеј ќе се одржат повеќе настани, меѓу кои и Основачко Професионална архивска асоцијација на архивите од Југоисточна Европа, на кое ќе присуствуваат претставници од националните архиви од слениве држави: Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Косово, Романија, Словенија, Турција, Хрватска и Црна Гора, а како почесни гости претставници на Меѓународниот центар за архивско истражување, конзорциум со седиште во Виена, Австрија.
Иницијативата за основање на Професионална архивска асоцијација на архивите од Југоисточна Европа беше изнесена од страна на д-р Филип Петровски, директор на Државниот архив на Република Македонија, за време на Третата годишна конференција на Меѓународниот архивски совет, одржана во септември 2015 година во Рејкјавик, Исланд.
Професионална архивска асоцијација на националните архиви од Југоисточна Европа се предвидува да дејствува како независно професионално тело, а во согласнот со Меѓународниот архивски совет во иднина може да се разгледа можноста за нејзино функционирање како негов огранок за Југоисточна Европа.
Со формирањето Професионална архивска асоцијација на архивите од Југоисточна Европа очекуваме да се постигне здржување и поблиска соработка меѓу споменатите архиви, коишто и покрај постоењето на Маѓународниот архивски совет и неговиот огранок за Европа се на некои начин маргинализирани во можностите за нивно активно учество и претставување во активностите на тие тела. Со создавњето на оваа осоцијација, архивската дејност и соработка меѓу архивите во регионот ќе бидат унапредени и ќе се овозможи заедничко работење на стандарди и нејзина имплементација.
Основачкото собрание ќе се одржи на 1 април 2016 година (од 10:00 до 14:00), во просторот на Порта Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.