| четврток, 6 декември 2018 |

Свлечиште кај Осој, сообраќајот по една лента

архива

архива

Поради свлечиште, на регионалниот патен правец Р2246 Бошков Мост – Гари во близина на село Осој, сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 50 метри, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top