Најмлаку 92 лица загинаа, а околу 200 се водат како исчезнати при лизгање на земјиште во градот Мокоа во југозападниот дел на Колумбија.
Колумбиската Национална агенција за управување со кризни состојби соопшти дека свлечиштето било предизвикано од излевањето на водите од реката Мокоа и три нејзини притоки, до кое дошло по повеќечасовни обилни врнежи од дожд.
Како што јави Би-Би-Си, претставникот на регионалните власти Сорел Арока изјави дека при свлечиштето се затрупани десетици куќи во една населба на Мокоа.
Градоначалникот на Мокоа, Хозе Антонио Санчез пак соопшти дека градот е „целосно блокиран“ и дека е без струја и вода,
Колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос, кој се упати кон подрачјето зафатено од елементарната непогода, соопшти дека издал наредба за вклучување на армијата во пружањето помош на настраданите.
Тој на својот налог на Твитер објави дека „Колумбијците се во жалост поради жртвите“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.