Потпретседателот на српската влада Александар Вучиќ денеска добил повеќе смртни закани поради прифаќањето на нацрт договорот меѓу Србија и Косово вчера во Брисел.
Вучиќ денеска негираше дека со предложениот договор се признава независноста на Косово и навел дека „секоја секунда му стигнуваат заканувачки пораки“.
Во пораките непознати лица му се закануваат дека ќе го убијат него и неговото семејство.
„Пи*ко, го предаде Косово. Ќе бидеш убиен како Зоран од ДС“ , ова е една пораките кои потпретседателот ги примил денеска. Од истиот број добил уште една порака во која се вели „Ќе бидеш убиен наскоро“.
Од други непознати броеви му биле испратени следните заканувачки пораки:
„Издајнику за тебе куршум. Да не живееш повеќе.“
„Само да ти кажам дека се подготвува уривање на владата! Подобро бегај, имаме снајпер.„
„Проклет да си г**но. Да даде Господ тие Шиптари да ги го заколат и родот и породот да ти се уништи!“
Српските радикали денеска во Белград, Нови Сад и Косовска Митровица на улици на случајни минувачи им го делеле броевите од мобилните телефони на премиерот Ивица Дачиќ и потпретседателот на владата Вучиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации



