| четврток, 6 декември 2018 |

Вака Путин го честиташе 8 Март (ВИДЕО)

– Драги жени, срдечно ви го честитам Меѓунардониот празник на жените. Овој празник во Русија се одбележува со посебна топлина, како никаде во светот. Тој е исполнет со подароци и цвеќе, со најдобри желби кон нашите мајки, жени, ќерки, колешки… Сите жени кои му се блиски на нашето срце – вака почна честитката на претседателот на Русија, Владимир Путин до припадничките на понежниот пол.

Претседателот на Русија навел дека мажите во Русија се гордеат со своите жени и дека ги сакаат.

– Жените ни даваат живот, не греат со својата љубов, поддршка и грижа. Токму во жената, во нејзиното достоинство и молосрдие се открива вистинската душа на Русија – навел Путин.

Рускиот лидер посебно признание им дал на жените од воената генерација.

– Вашата сила на духот, вашите подвизи не научија да бидеме вистински мажи, да победуваме наспроти се. Современите жени се рамо до рамо со вас. Сите успеаваат : да достигнат врв во професијата, во творештвото, во општествената работа, да создаваат радосна и удобна атмосфера во семејството, да воспитуваат деца – изјавил Путин.

– Вие драги наши жени, владеете со неоткриена тајна – се постигнувате, излегувате на крај со огромниот товар и да останате нежни, впечатливи, заводливи. Вие му донесувате на светот добрина и убавина и надеж. Се гордееме со вас и ве сакаме – порачал претседателот на Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top