
Ѕвездата на Реал Мадрид и еден од најдобрите фудбалери во светот, Кристијано Роналдо, вечерва ќе постави нов рекорд во Лигата на Шампионите – ќе стане играч со најмногу одиграни натпревари во нокаут фазата на најелитното клупско фудбалско натпреварување во Европа. Кристијано Роналдо вечерва го игра својот 57. натпревар во Лигата на Шампиони, бројка што никој друг досега не ја достигнал.
Рекордот до денес го држеше Чави од Барселона со 56 натпревари во нокаут фазата, а по него следуваат Касилјас со 55, Иниеста со 53, Лампард со 52 и Меси и Валдес со по 51 настапи.
Роналдо со Реал Мадрид вечерва на домашен терен го играат реванш натпреварот со Рома во осминафиналето на ЛШ. „Кралевите“ имаат предност од 2:0 од гостувањето во Рим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


