| четврток, 6 декември 2018 |

Реал Мадрид и Волфсбург пред четвртфинална промоција

spaleti

Вечерва во стандардниот термин од 20.45 часот се играат првите два реванш дуела од осминафиналето од Лигата на шампионите.
На „Сантијаго Бернабеу“ Реал Мадрид е голем фаворит во мечот со Рома бидејќи има предност од првиот натпревар одигран на „Олимпико“ од 2-0.
Сепак од таборот на волчицата изјавуваат дека ќе се обидат да го сторат невозможното и да ја анулираат предноста на Реал од првиот натпревар.
По доаѓањето на Лучијано Спалети на клупата на Рома, тимот од главниот град на Италија носен на крилјата на добрите игри на Салах и Ел Шарави, оствари седум победи во низа во Серија Лигата и со тоа влева надеж и за сензација против Реал Мадрид. Составот на Зинедин Зидан ќе биде ослабен поради неиграњето на напаѓачот Карим Бензема, но, добри вести се што во таборот се враќаат Тони Крос и Лука Модриќ.

– Резултатот од првиот натпревар е лош за нас, и негатива од два гола против тим каков што е Реал Мадрид, за многу екипи е недостижна. Барам од мојот тим да го направи невозможното против „кралевите“. Не смееме да се исплашиме од нив, и мора да одиграме на високо ниво. Ќе треба да ги притиснеме уште од стартот на натпреварот – изјави Спалети.

Вториот дуел се игра во Волсфбург каде домаќинот ќе ја брани предноста од Гент од првиот натпревар од 3-2. Германскиот тим во Белгија одигра одличен меч и иако има минимална предност, важи за голем фаворит видејќи водеше и со 3-0 во текот на мечот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top