Прекинатиот натпревар помеѓу Шкендија и Младост Царев Двор дефинитивно ќе се игра утре со почеток во 14.00 часот на градскиот стадион во Велес. Поради срамната арбитража правдата нема да ја дели главниот судија Константин Влахо кој е суспендиран откако направи многу грешки и буквално измисли пенал за Шкендија на вчерашната прекината средба на стадионот Чаир.
По силниот дожд и невремето вчерашниот дуел на Чаир беше прекинат пред 70. минута, а утрешниот натпревар ќе се игра од почеток и без присуство на публика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.