| четврток, 6 декември 2018 |

Заев знае: 8 Март е Меѓународен ден на ТРУДОТ!

Заев во свое име и во име на СДСМ денеска на сите жени, мајки, сопруги, работнички, земјоделки, административки, професорки, новинарки, лекарки, правнички, невработени и вработени жени им го честиташе 8 Март, МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ТРУДОТ!!!
soopst sdsm trud
Честитката внесе забуна меѓу социјалдемократките кои веруваат во секој збор на човекот кој ги има „преслушано сите“, но второто исправено соопштение ги врати на редовните активности и подготовки за вртење целовечерни ора во хотелска сала како дел од притисокот за поголеми човекови права.

sdsm lepota11111

Второто писмо од партискиот штаб, сепак, не значи дека се работи за грешка или лапсус. Имено Заев е човек од збор, па и денеска остана на своето, да каже, па да се поправи, преиначи, демантира сам себе.

Тој принцип на работа го наметна на целата партија, во која, за право, жените не се делат ниту по пол, како што порача Наташа Струменикоска од битолскиот партиски женски одред уште во 2010 година.

(Овој текст е дел од заложбите на Двоглед, да работи според барањата на Заев и на СДСМ за точно и прецизно пренесување на информациите во медиумите.)

Петел Бодичек
***  Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Петел Бодичек

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top