Неофицијалните сознанија говорат дека во приватниот сектор работниците даваат овластувања на своите работодавачи да ја повлечат исплатената плата и потоа на вработениот да му исплатат пониска плата од законски утврдениот износ. За оваа непопуларна појава, сеуште нема доставени дојави/пријави до Инспекоратот за труд, истакна министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.
Ристовски ги повика вработените кои се нашле или доколку се најдат во ваква ситуација, да пријават до Државниот инспекторат за труд – електронски преку интернет страницата, телефонски на броеви 15 131 и 15 505, или поштенски, а инспекцијата ќе постапи согласно законските прописи.
– Секоја пријава е од голема полза и за самите работници и за нас како институции на системот кои работат во функција на заштита на работничките права. Ние ќе постапуваме при секоја пријава, согласно законската регулатива во Република Македонија, нагласи Ристовски.
За непочитување на Законот за минимална плата предвидени се глоби од 6.000 до 7.000 илјади евра за работодавач, ако на работникот не му исплати минимална плата и од 3.000 до 4.000 илјади евра за одговорното лице.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


