| четврток, 6 декември 2018 |

Ахмети: Договорот меѓу Србија и Косово отвора нови перспективи во целиот регион

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, го поздрави договорот меѓу Косово и Србија и оцени дека со тоа се отвораат нови перспективи за целиот регион.

– Во име на Демократската Унија за Интеграција и во мое лично име, го поздравувам меѓудржавниот договор постигнат во Брисел меѓу Косово и Србија, гарантиран од страна на Европската Унија. Постигнатиот договор го цениме како значаен чекор кој што отвара нови перспективи, не само за Косово и Србија, туку и за целиот регион на Западен Балкан. Ова големо постигнување, покрај признавањето на новата реалност во регионот од страна на Србија, како и добриот почеток за целосно помирување на Балканот на 100 годишнината на Балканските војни, носи уште еден голем поттик за регионот кон Евроатлантска интеграција, што ќе овозможи оддржлив мир, стабилност и сигурност како и економски развој и благосостојба за сите граѓани, вели Ахмети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top