| четврток, 6 декември 2018 |

Славниот актер пропаѓа неславно: Покрај ХИВ има и други проблеми

Актерот Чарли Шин постојано е во проблеми.

carli shin

Покрај тоа што се бори со ХИВ вирусот, сега има проблеми и со поранешните сопруги.

Шин последниов месец е во сериозни проблеми. Тој е во долгови, води судски спорови со љубовниците и со поранешните сопруги, а една од нив, Брук Милер, не се откажува од алиментацијата од 55.000 долари месечно.

Актерот во текот на снимањето на серијата „Два ипол мажи“ заработуваше по 800.000 долари месечно, но сега се бори да добие улога бидејќи продуцентите не сакаат да работат со него поради неговиот темперамент и познатите проблеми со дрогата.

Чарли објави дека има долг од 12 милиони долари, а како што тврдат блиски извори тоа е само дел од неговиот целокупен долг.

Во интервју за еден американски магазин, актерот изјави дека сака со адвокатите да направи нови договори со поранешните сопруги бидејќи не е повеќе во можност да плаќа алиментација.

Шин додаде дека потрошил скоро 10 милиони долари само за да замолчи некои луѓе да не откријат дека има ХИВ, што на крајот и самиот призна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top