Актерот Чарли Шин одамна призна дека е ХИВ-позитивен, сепак, деталите од својата борба со вирусот ги откри дури неодамна…
-Благодарение на лековите што ги земам сега, повторно живеам квалитетен живот и затоа сум пресреќен. Претходната комбинација на лекови против ХИВ ме претвори во билка- откри холивудскиот актер.
Чарли Шин сега е дел од експериментална терапија која наскоро би требало да биде одобрена во Америка.
-Од кога сум на новите лекови, веќе не се борам со деменцијата, заморот и со дезориентацијата, кои ме убиваа- изјави тој.
Како што тврди, сега успеал да ги стабилизира и односите со бивпите сопруги и со децата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.