| четврток, 6 декември 2018 |

Чарли Шин: Сакав да „изедам“ куршум кога дознав дека сум ХИВ позитивен

sin
Контроверзниот актер Чарли Шин откри дека сакал да се самоубие кога дознал дека е ХИВ позитивен, но сепак се откажал од намерата – заради мајка му.
– На денот кога лекарите ми ја кажаа дијагнозата сакав да „изедам“ куршум. Не го направив тоа само заради мајка ми, која во тоа време беше со мене. Не можев да се убијам пред неа, не дај Боже, да и приредам таков пекол да ме пронајде мртов и после да ги чисти моите валканици – изјавил Шин при гостување во телевизиската емисија „Гуд морнинг Америка“, каде ја промовирал новата комедија „Луди семејства“.
Шин, ѕвездата од „Два и пол мажи“, додал дека после сознанието дека е заразен со смртоносниот вирус почнал да користи дрога и дека денес е свесен дека е голем среќник што пороците не го убиле.
– Бев заборавил дека сум пресилен за такво кукавичко заминување од овој свет. Беше тоа моја лична и престрашна Одисеја – заклучил Чарли Шин.
Актерот истакнал дека во моментов се чувствува одлично, дека во последните осум месеци зема експериментален лек за кој што се надева дека наскоро ќе се најде во официјална продажба. Терапија примал само еднаш неделно и од неа немал никакви негативни последици, ниту физички, ниту психички.
– Имам и лоши денови, но кој ги нема? Тоа нема никаква врска со мојата болест. Кога сум надвор, од луѓето кои ги сретнувам чувствувам само безусловна љубов – се пофалил Шин.
Тој се присетил и на 2011 година кога пиеше тигарска крв и се расправаше со творецот на серијата „Два и пол мажи“, заради што на крајот и доби отказ.
– Тоа навистина беше бизарен период. И сам често се прашувам што по ѓаволите се случувало тогаш со мене, но мора да признаете дека тогаш од мојата уста излегоа некои од најлегендарните изјави – се пошегувал актерот на сметка на сопственото лудило.
Чарли Шин роден е на 3 септември 1965 година во Њујорк, како Карлос Ирвин Естевез.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top