Овој фантастичен и едноставен трик ќе направи вашата диета конечно да почне да дава резултати. Само една чаша вода повеќе од вообичаената количина која ја внесувате секој ден може многу да ви го намали бројот на калории кои ги внесувате во текот на денот.
Истражувачи од Универзитетот во Илиноис ги следеле навиките на повеќе од 18.000 луѓе и откриле интересен образец. Сите учесници во истражувањето го намалиле вкупниот внес на калории така што ја зголемиле количината на вода која ја пиеле, и тоа само за еден процент.
Оние кои го зголемиле внесот на вода, за една, две или три чаши, успеале да го намалат внесот на калории во текот на денот од 68 до 205.
Зошто? На основно ниво, водата го исполнува човекот и остава помалку простор за други штетни работи, вели Кери Ганс, автор на книгата „Мала промена во диетата“.
„Често се случува личноста да помисли дека е гладна, а во реалноста всушност дехидрирала“, вели Ганс.
Па така, луѓето непотребно посегнуваат кон ужина а всушност се што им треба е вода.
Студијата исто така открила дека луѓето кои пиеле повеќе вода конзумираат помалку сол (околу 235 грама), помалку шеќер (околу 18 грама) и холестерол (околу 21 грам).
Сакате да го зголемите внесот на вода? Послушајте ги овие совети на доктор Ганс за тоа како да останете хидрирани.
1. Ставете си чаша вода со секој оброк.
2. Ставете си шише со вода покрај креветот за да ви биде при рака кога ќе се разбудите.
3. Залепете на видливо место (на фрижидер, на компјутер) порака на лист да се потсетите дека треба да пиете вода.
4. Секогаш носете шишенце вода со себе, во ранец или во чанта.
5. Ако не сакате вода, додадете малку свеж лимон или лимета, или било кое друго овошје за вкус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.