Ситуацијата во српскиот град Нови Пазар е алармантна и во еден дел од градот се евакуирани 100 жители поради поплавите, додека некои делови од градот немаат струја. Се чека војската на помош, пишуваат српските медиуми.
– Состојбата е многу тешка, сите се на терен, од утрово сите јавни претпријатија со нивната механизација како и приватните се на терен. Очекуваме помош од војската на Србија со работна сила и механизација. Голем дел од градот е без струја – изјавил градоначалникот Махмутовиќ.
Инаку во Нови Пазар Јошаница однела два моста, еден во близина на фабриката „Украс“, а вториот кој моментално се градел кај пазарот, а го финансирала владата на Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)