| четврток, 6 декември 2018 |

Саздов: СДСМ остана без алиби за поразот што наближува на 5 јуни

vmro-miting-skopje-4

СДСМ и медиумите финансирани од него и од Сорос, ме обвинија дека поседувам куќа во Бутел и дека на таа адреса се регистрирани 15 гласачи. Јас куќа и стан во Република Македонија не поседувам, а на адресата на која живеам сме регистрирани само јас и мојата сопруга, што може да се види со обична проверка на избирачкиот список. Толку од аферите на СДСМ – посочи Павле Саздов од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

На денешната прес-конференција тој додаде дека јавноста треба да знае дека разликата меѓу поддршката што ја има ВМРО ДПМНЕ и онаа што ја ужива СДСМ не се десет гласа, не се 100, не се 1000, туку се 200.000 гласови разлика.

-Оваа разлика се повторува изминативе десет години во сите избирачки циклуси. Јас сум сигурен дека со продолжување на деструктивните сценарија од страна на СДСМ тие ќе тонат уште подлабоко и таа разлика од 200.000 гласови на изборите на 5 јуни ќе биде уште поголема. Со ова СДСМ остана без алиби за поразот што наближува на 5 јуни. По десет години во опозиција, ВМРО-ДПМНЕ има двојно поголем рејтинг од СДСМ и секому сега му е јасно зошто. Со лаги и со манипулации не се стекнува доверба кај граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ бара од ДИК и од МВР, двете најодговорни институции за спроведување на изборите, каде што СДСМ има контрола да биде на висина на задачата, да ги преземат сите активности што треба да ги преземат со цел да имаме веродостојни избори – рече Саздов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top