| четврток, 6 декември 2018 |

Србите на Косово не го прифаќаат договорот од Брисел

Србите од северот на Косово не се задоволни од договорот меѓу Белград и Приштина и се заканија дека нема да го применуваат, јавува агенцијата Танјуг.

Тие велат дека никогаш нема да ги прифатат косовските институции и за во понеделник најавија митинг на кој ќе се донесе одлука за формирање собрание на северно Косово.

–       Ќе се договориме со нашите граѓани за понатамошните чекори и ако постои расположение кај нашите граѓани, ќе ја продолжиме борбата и нема да дозволиме ни овој, како и сите претходни договори да се спроведат на терен, изјави заменик директорот на владиниот Уред за Косово Крстимир Пантиќ.

Тој вели дека се уште него виделе текстот од предлог договорот, но имале увид во текстот што Албанците. Според нив, неприфатливо е да се предвидува полицијата и судството да бидат во рамки на косовските закони и да нема никаква врска со српските институции што е дефинитвно повлекување на Србија од тие простори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top