| четврток, 6 декември 2018 |

Орбан: Европа треба да ги затвори границите за бегалци

орбан

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Европа треба да ги затвори своите граници за бегалцитее и да не дозволува никој да влегува во ЕУ без регистрација и без одобрение.

Пристигнувајќи во Брисел на самитот на ЕУ, Орбан изјави дека каков и да бил планот за префрлање на бегалците од Турција или од Грција тој само ќе „долее масло на огнот“ и ќе поттикне уште повеќе луѓе да тргнат кон Европа, пренесува БТА.

Унгарија нема да учествува во никакви планови за населување на бегалците, јасно порача Орбан и предупреди дека не може ништо да се направи доколку не се затворат границите.

Орбан, исто така, изјави дека Украинците треба да добијат право на безвизен режим, пред да се склучи таков договор со Турција, земјата на која ѝ се нудат милијарди евра како помош за бегалците, забрзана процедура за влез во ЕУ и олеснување на визните процедури, за да ги поддржи напорите за запирање на приливот на бегалци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top