Обвинителството во Париз покрена истрага која треба да утврди дали порашениот претседател Николас Саркози во кампањата во 2007 година добил пари од поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи.
Од обвинителството не соопштуваат име, но велат дека станува збор за случај на корупција, измама, злоупотреба на јавни фодови, перење пари и други тешки кривични дела.
Истрагата се води на основа на тужба на либанскиот бизнисмен Заид Такиједин кој во декември минатата година дал исказ во кој навел дека Саркози од Гадафи добил донација од најмалку 50 милиони евра. Шпекулациите дека Гадафи ја финансирал кампањата на Саркози се појавија во француските медиуми минатата година набрзо откако тој ги загуби изборите.
Против него веќе се води една постапка која се однесува на претседателската кампња. Обвинителството во Бордо подигна прелиминарно обвинение против него под сомневање дека противзаконски зел донација од најбогатата Французинка, наследничката на Лореал, Лилијан Бетанкур.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


