| четврток, 6 декември 2018 |

Проекција на видеа од концертите на Симфонискиот оркестар на ФМУ во 2004 и 2005 година

По повод 50-годишнината на Факултетот за музичка уметност во Скопје, одделот и насоката за сонологија со мултимедија при овој факултет започнува со емитување на видеа снимени од студентите и професорите на овој оддел.

Првите две видeа ќе ги престават концертите на Симфонискиот оркестар на ФМУ под диригентската палка на професорот Саша Николовски во 2004 и 2005 година.

На програмата на овие концерти се делата: Водич низ оркестарот за младите – Варијации и фуга на тема од Персл од Бенџамин Бритн, Слики од изложбата од Мусоргски-Равел, Концерт за пијано и оркестар од Морис Равел и Симфонија во де-мол од Цезар Франк. Како солист на пијано настапува Кристина Светиева, тогаш студент, а денес доцент на ФМУ.

Во следните проекции кои во текот на оваа година ќе се одржуваат еднаш месечно ќе бидe прикажан дел од богатата продукција на аудио и видео снимки од концертите на студентите, професорите и ансамблите на ФМУ, настапи на други ансамбли, портрети на важни музички личности и друг документарен материјал.

Со овие проекции ќе биде одбележена и 15 годишнината од започнувањето на наставата на одделот и насоката за сонологија со мултимедија при ФМУ кои ја водат професор Димитрије Бужаровски и доцент Трена Јорданоска.

Првата проекција ќе се одржи во понеделник, 7 март, во Концертната сала на Факултетот за музичка уметност во Скопје, со почеток во 13:30 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top