Во четврток, 29. март во 12 часот, во концертната сала на ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј” ќе се одржи промоција на документарниот филм “Недовршена симфонија/Регионална детска филхармонија” филм на авторката Оливера Милош Тодоровиќ.
80 талентирани млади музичари од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија ги споија својот талент и посветеност на музиката.
Ова е филм кој е пример за позитивна соработка во регионот. Дали новите генерации го имаат потенцијалот да ги променат стереотипите на своите родители?
По проекциите на филмот во Белград и Загреб, каде веќе се одржаа неговите промоции, следеше дискусија во која учество земаа многу познати личности. На овој несекојдневен настан гостите во Македонија ќе имаат можност да дискутираат и да ги разменат искуствата со актерката Јана Стојановска.
Влезот е слободен за сите заинтересирани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
Погледнете како се пишува добар роман во „Работилница“
-
По пауза од 13 години синоќа во Македонска Каменица имаше проекција: „Исцелител“ привлече бројна публика
-
Официјална премиера на филмот „Кога денот немаше име“ на 12 октомври во кино „Милениум“