| четврток, 6 декември 2018 |

Невреме во Црна Гора: Во Подгорица град со големина на орев, Цетиње под вода (ВИДЕО)

Силно невреме со град, дожд и грмежи го погоди црногорскиот главен град, Подгорица.

crna

Улиците на Подгорица за неколку минути станаа бели под ударите на градот кој беше со големина на орев, а за кратко време падна голема количина на дожд, пренесува РТЦГ.

Во Цетиње, нивото на водата константно се покачува, а улиците во поединечни делови на градот веќе се под вода.

crna1

Заводот за хидрометеорологија и сеизмологија на Црна Гора објави денеска црвен метеоаларм за централниот и јужниот дел на земјата, со предупредување дека е можен прекин на сообраќајот и губење на струја.

crna2

Се очекува за 24 часа да паднат најмалку 80 литри дожд по метар квадратен во централниот, а во јужниот дел на земјата 50 литри. За северот е прогласен портокалов метео аларм и се очекуваат помалку врнежи.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top