Адутот на опозиционата СДСМ е специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која има добиено насока преку измислени и неаргументирани барања за истраги по секоја цена да отвора случаи и тормози и јавно да етикетира луѓе, со разно разни лаги и политички квалификации. Се очекува дека следен случај кој СЈО ќе го отвори е „Космос“ каде иако се е кристално чисто ќе се искористи во политичката борба во полза на Заев – сметаат аналитичарите.
За овој случај деновиве коментираше и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој вели дека „Космос“ е класична дивоградба, а тоа било потврдени и од Управниот суд и од самиот инвеститор.
– „Космос“ како објект е класична дивоградба и општина Гази Баба надлежна за таков вид на објекти има постапено согласно законот и тоа не го кажувам јас, туку тоа го кажа и Управниот суд. Тоа го потврди и самиот инвеститор, впрочем кога се донесе решението за уривање самиот инвеститор побара измени во тек на градба, односно неговата дозвола за градба да се измени точно за оние отстапувања што ги имаше и со тоа самиот ја призна вината дека при изградба на „Космос“ имаат направено нешто што е спротивно на законот за градење, рече Јанакиески во интервју за ТВ НОВА.
Јанакиески нагласува дека не е точно дека објектот се рушел политички, туку сите правни аспекти во случајот „Космос“ се согласно законот за градење и сите судски инстанци во Република Македонија имаат потврдено дека објектот е рушен согласно сите позитивни законски прописи.
Вториот сегмент на кој обрнуваат внимание се конструкциите. Деновиве се поинтензивен е обидот по секоја цена да се девалвира процесот на избори и избирачкиот список. Последен пример беше случајот со пратеничката Даниела Рангелова. Беше посочено дека нејзината домашна адреса се регистрирани 120 гласачи. Но ВМРО-ДПМНЕ излезе со информација од која евидентно беше дека не само што не се работи за истата Рангелова туку дека и позицијата не ја познава сопствената држава, па не знаат дека во руралните места на тој начин се обележуваат улиците каде има повеќе семејства.
Третиот сегмент, велат аналитичарите, се подметнувањата околу Уставниот суд. Тука е совршено јасно дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е истиот како што беше и во 2009 година, но она што не е исто е ставот на СДСМ кој се менува во зависност на дневните потреби. Па сега целата ергела на соросоидни поддржувачи, истите тие кои се појавуваат на сите протести протестираат и сега. Од друга страна кадрите на СДСМ кои управуваат со институциите до сега не понудија ниту еден проект. Нивно дело се бркање на 40 луѓе од работа од страна на дополнителната министерка Фросина Ременски која на дело ја спроведува стратегијата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за бркање од чистачка до министер. Од друга страна Оливер Спасовски, дополнителниот министер за внатрешни рабпоти, е до гуша заглавен со сомнителни криминални случаи како што е Чауш и Фабриката за афери на СДСМ. Дополнителниот министер за информатичко општество и администрација, Александар Кирацовски, како и замениците Кире Наумов и Љупчо Николовски не продоложија ниту еден конкретен проект, и се занимаваат со кочење на веќе постојните.
Спасовски својата неспособност ја покажа и за време на протестите поврзани со изградбата на крстот каде демонстрантите Албанци ги пушти да ги уништуваат темелите на крстот, а на Македонците им пушти полиција. Целото време СДСМ го троши на деструкција. А веќе е познато дека главниот адут на СДСМ е Катица Јанева.
Аналитичарите го коментираа односот на владејачката партија кон Катица Јанева. Тие посочија дека од ВМРО-ДПМНЕ на Јанева и СЈО гледаат релаксирано и дека таа е предмет на шеги.
-Тие убедени во вистината и цврстите аргументи се релаксирани во однос на темата специјално обвинителство. Освен добрите шеги по социјалните мрежи, на граѓаните и на ВМРО-ДПМНЕ им е јасно дека нема ништо сериозно да предизвика и произлезе од ваквото сценарио. Целта на СДСМ им е да се дефокусира владејачката партија од изборната трка и да се дискредитираат сите можни политички противници на СДСМ и Заев во ВМРО-ДПМНЕ, можни носители на листи на пратеници и членови на раководството на партијата – коментираа аналитичарите.
Меѓу правниците веќе нашироко се кажуваат вицеви за однесувањето и некомпетентноста на СЈО како и за тоа дека наредбите за истраги им се толку неосновани што и студент од прва година на Правен факултет подобро би се снашол. Притисокот од Заев до СЈО бил огромен, а кога некој ќе се спротиставел една група најлојални заевисти таму викала дека таа го има последниот збор и мора да се оди така по секоја цена. Народот го има ова прочитано. На овие избори ќе се бира помеѓу деструкцијата и кризата на СДСМ, нивното посегнување по суверенитетот на државата и обид со подмолни игри и интриги да дојдат на власт од една страна и програмата за развој на ВМРО-ДПМНЕ од друга. Партиски активисти од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во партијата ентузијазмот е на високо ниво и машинеријата уфрла полека во петта брзина. Пародијата на СЈО никој не ја смета за закана по резултатот, туку фрчат кладби кој е следен и зошто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.