Историско помирување на Србија и Косово, вака светските агенции го нарекоа синоќешното парафирање на текстот од договорот меѓу Белград и Приштина за кои двете страни треба официјално да се изјаснат во следните денови.
На вчерашната десетта по ред средба во Брисел, премиерите Ивица Дачиќ и Хашим Тачи го профатиле предложениот договор на високата претставничка Кетрин Ештон кој се состоел од 15 точки. Во него како што пренесуваат српските медиуми биле прифатени сите барања на Белград. Српската влада во понеделник ќе ја извести Ештон и официјално дали го прифаќа договорот, но според Дачиќ, ова е до сега најдобра понуда која ја добил Белград.
По барање на Србија била исфрлена 14 точка во која се наложували Србија да не смее да го блокира Косово во меѓународните организации.
Во Приштина пак, парафирањето на договорот се оценува различно. Едни го сметаат за историски, други дека е создадена втора Босна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба