
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се избори за својот најдобар ранкинг во кариерата на најновата ВТА листа објавена денеска.
На неа, Ѓорческа забележа прогрес од дури 17 позиции и сега е на 311. место. Таквиот ранкинг е благодарение на пласманот во четвртфиналето на ИТФ турнирот во Беинаско пред две недели на кој освои девет ВТА бодови. Претходно, најдобар пласман на нашата тенисерка беше 326. место до кое дојде минатиот месец.
Оваа недела Ѓорческа ќе настапи на турнирот во тунискиот град Хамамет каде е поставена како втора носителка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


