| четврток, 6 декември 2018 |

Шампионот Голден Стејт непријатно изненаден од Коби и другарите во „Стејплс центар“ (видео)

kobi i stef

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс ја направи сензацијата на сезоната во НБА лигата победувајќи го актуелниот шампион и лидер во шампионатот тимот на Голден Стејт на домашен терен во „Стејплс центар“ со 112-95.
Екипата што си поигрува со сите ривали за титулата и ги испраќа со 10-20 поени негатива, сега доживеа дебакл од најслабиот тим во Западната конференција кој на претходните 63 натпревари оствари само 12 победи.

Дека прваците ќе имаат пролбеми стана јасно во првата четвртина, кога гостите погодија само еден од десетте обиди за тројка. Лејкерси го завршија овој период со минимална предност од 22-21, но затоа домашниот тим заигра далеку подобро во вториот дел од натпреварот, во кој постигна дури 38 поени за 12 минути игра и замина со двоцифрена позитива на одмор (60-49).

Во второто полувреме се очекуваше шампионото да заигра во препознатливиот ритам, но тоа не се случи и промашуваа чисти шутеви за тројка (погодија само четири од 30 обиди). За лошата вечер на МВП-то од минатата сезона, Стеф Кари најголема заслуга има „езерџијата“ Марселињо Уертас кој одигра одлична одбрана, а успеа да реализира и 10 поени и девет асистенции.

Џордан Кларксон со 25 и Данџело Расел со 21 поени беа најефикасни на мечот, додека Коби Брајант во својот последен натпревар против Голден Стејт имаше 12 поени, два скока и три асистенции. На спротивната страна, Кари беше прв стрелец со 18 поени, но најдобра игра покажа Дрејмон Грин кому малку му недостасуваше за трипл-дабл (девет поени, девет асистенции, десет скока).

По овој пораз, Вориорс се на биланс 55-6, а до крајот на сезоната им остануваат уште 21 натпревари.

НБА резултати:

ЛА Лејкерс – Голден Стејт 112-95
Милвоки – Оклахома 96-104
Мемфис – Феникс 100-109
Денвер – Далас 116-114
Детроит – Портланд 123-103
Мајами – Филаделфија 103-98
Торонто – Хјустон 103-113

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top