Оливер Спасовски од СДСМ покажа дека освен сплетки и партиски злоупотреби на полицијата, не е способен одговорно да ја врши функцијата на која е назначен.
Дури и да се тргне настрана неговото однесување за случувањата кај крстот во Бутел, ќе се види преголемата преплашеност на Спасовски кој е свесен дека функцијата “министер за внатрешни работи“ е преголем залак за него.
Тоа најлесно може да се забалежи по треперливиот глас со кој во текот на вчерашниот ден даваше изјава полна со несигурност. Спасовски зрачи со израз на паника и страв.
Како овој политичар би се соочил со опасни криминални структури или тешки акции?
Здружението на бранители БЕДЕМ, вели дека по Фрчковски, Спасовски е најголем срам за македонската полиција.
-Значи обезбедувањето на ред и мир според Оливер Спасовски е кога полицијата ќе се нафрли врз Македонците, а оние кои ги рушат темелите на крстот ги остава да прават што сакаат, изјавија од БЕДЕМ.
Бранителите прашуваат каков е тој мир кога Спасовски наместо да обезбеди почитување на закон тој одобрува негово кршење и притоа врши дејствија врз оние кој сакаат правда.
-Го слушаме и не можеме да поверуваме. Со огромна доза на страв, неуверливо, преплашено, ни вика немало нарушување на јавниот ред и мир. А кога Македонците, жителите на Бутел побараа да дејствува според закон тој им ја прати полицијата, а протестанти Албанци ги пушти да ги рушат темелите на крстот, слободно и непречено, велат од БЕДЕМ.
Како бранители, додаваат тие, најодговорно тврдат дека како министер за внатрешни работи после Љубомир Фрчковски , Оливер Спасовски е најголемата кукавица и срам за полицијата и за државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)