Се покажаа за целосно лажни тврдењата на медиумите блиски до СДСМ дека наводно пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова имала до 100 лица регистрирано на нејзината домашна адреса.
Лагите на најголемата опозициска партија СДСМ се рушат како кула од карти. Соочени со катастрофалниот рејтинг меѓу граѓаните, според последните анкети на релевантните институти, СДСМ и нејзиите медиуми посегнуваат по очајни манипулации кои веднаш се распрснуваат како балони од сапуница.
Имено, во текот на денешниот ден СДСМ преку партиското гласило „Фокус“ се обиде да наметне скандал поврзан со изборниот процес, односно „Фокус“ објави дека високи функционери на власта биле вмешани во инсталирањето на фантомски гласачи на списокот на ДИК, а за некои и се потврдило тоа откако „Фокус“ направил проверка со името на претседателката на Унија на жените, Даниела Рангелова.
-Потрагата открива дека на адресата на која живее извесна Даниела Рангелова постојат, верувале или не, 127 гласачи. Кога во електронскиот избирачки список ќе ја изберете опцијата според „име и презиме“ и ќе го впишете името на пратеничката Даниела Рангелова, претседателката на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ се појавуваат две гласачки, едната на адреса „Коста Шахов“ број 1 во Скопје и другата на „Браќа Стефановиќ“ број нула, во тетовското село Брвеница. Едната Рангелова гласа на избирачко место 2845, а таа во Брвеница на избирачко место 2035. Ако продолжите со потрагата, затоа што во првата фаза системот на ДИК ги дава и адресите на имењачките, односно сега ја изберете опцијата од електронскиот список според „адреса“ се заклучува дека Даниела Рангелова постои како гласач на посочената улица „Коста Шахов“ во општина Центар, како станар во станот со број 5. На таа адреса има уште еден гласач. Но кога ќе трагате по другата Даниела Рангелова според опцијата „адреса“ забележително е што на адресата „Браќа Стефановиќ“ со „чудниот“ број нула, се регистрирани дури 127 гласачи. Меѓу нив има неколкумина со презимето Рангелов, објави Фокус.
Сепак, ваквата аматерска и провидна манипулација на „Фокус“ беше веднаш разобличена и веднаш се разоткри нивната лага за фиктивни гласачи. Даниела Рангелова од Центар денеска се сретна со Даниела Рангелова од Брвеница, со што се докажаа манипулациите на СДСМ со изборниот процес и нивното непознавање на државата.
– Фокус објави целосна невистина и конструкција дека јас сум била пријавена на адреса во Брвеница каде се регистрирани уште 120 други гласачи Еве ја вистината која ја урива целата конструкција. Ова е Даниела Рангелова од Брвеница. Единствениот нејзин грев за кој ја злоупотребуваат медиумите на Сорос е тоа што има исто име и презиме како мене, рече Рангелова.
Се работи за свесно измонтирана лага, односно за комплетно различни личности, а фактот што има над 100 лица на едно место е поради тоа што тие практично живеаат на една селска улица во Брвеница и од кога знаат за себе тие гласаат на истиот принцип.
– Втората груба манипулација и потценување на граѓаните е тоа што СДСМ намерно лаже и премолчува дека во Брвеница нема систем на улици и адреси. Затоа жителите на Брвеница се регистрирани на една адреса. Разликата во поддршката која што ја има ВМРО ДПМНЕ и СДСМ не е 10 гласа. Не е ниту 100 гласа или 1000 гласа. Разликата е 200 000 гласа. Затоа СДСМ се плаши и се обидува да конструира афери. Со ваквото деструктивно однесување на СДСМ, таа разлика ќе се зголеми на 5 јуни, рече Рангелова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.