| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Се заокружува реконструкцијата на Зрзе, следен ќе биде обновен манастирот Трескавец

зрзе

Денес се заокружува реконструкцијата и изградбата на манастирскиот комплекс Зрзе што претставува една капитална инвестиција во областа на културата, но и за духовното наследство на Република Македонија, напиша Никола Груевски, претседателот на ВМРО ДПМНЕ на својот ФБ профил.

зрзе2

За закружувањето на овој значаен проект, вклучително со изградбата на пристапниот пат, нагласува Груевски. беа вложени над 3 милиони евра. Се работи за исклучителен потфат на кој му претходеа обемни археолошки истражувања и реконструкција на целокупниот комплекс со кој се извршија серија на крупни зафати со кои целосно се ревитализираа монашкиот и владичкиот конак за што се вложија 92 милиони денари.

зрзе3

-Дополнително после долги децении се изгради нов пристапен пат кој е единствената врска со манастирот, долг 7.5 километри за што се вложија над 98 милиони денари. Целокупниот проект силно го застапував и потенцирав имајќи го во предвид значењето , но и духовната големина на овој манастирски комплекс. Со задоволство ја поддржав реконструкцијата и изградбата на манастирскиот комплекс Зрзе кој е едно од најубавите места што сум ги посетил во Македонија, за што покрај трудољубивоста и посветеноста низ вековите на многу монаси и свештени лица, голема заслуга има и владиката Климент, како и монасите од овој живописен манастир кој го препорачувам да го посетат и видат сите граѓани, напиша Груевски.

зрзе4

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека по обновата и реконструкцијата на манастирот во Зрзе и претходно Бигорскиот манастир во Дебарско, следен кој што ќе биде обновен е манастирот Трескавец во Прилеп.

зрзе5

-Можам да соопштам дека за таа цел веќе отпочнаа подготвителните процедури од страна на надлежните институции, а градежните работи ќе отпочнат на почетокот на месец април за што ќе бидат вложени речиси 2 милиони евра, така што ова духовно светилиште ќе си го поврати својот полн сјај и убавина, напиша Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top