| четврток, 6 декември 2018 |

Кривична пријава за скопјанец кој се напил и предизвикал пожар во Зрзе

Прилепската полиција поднесе кривична пријава против Т.В. (58) од Скопје за предизвикување општа опасност.

Т.В. на 12 август во село Зрзе, во алкохолизирана состојба собрал поголема количина хартиени вреќи и стара хартија и отишол во соседното дворно место сопственост на М.С. од селото, каде што со запалка ја запалил хартијата, по што во огнот почнал да фрла стари ќебиња и волнени јамболии кои сакал да ги изгори.

По ова, пријавениот заминал со намера да земе уште стари работи за горење, оставајќи го огнот без надзор. Но, кога по кратко време се вратил забележал дека огнот се проширил и настанал голем пожар кој зафатил површина од околу 500 метри сува трева како во дворното место на М.С. така и во неговиот двор. Во тој момент пожарот го забележале соседите кои веднаш  дошле по што набргу пожарот бил локализиран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top