| четврток, 6 декември 2018 |

Почна обновата на опожарените конаци на Трескавец

Почна обновата на опожарените конаци на манастирот Трескавец. Изведувач на градежните работи е српската фирма „Кото“.

Увид во градежните работи во манастирскиот комплекс денеска изврши министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска. Таа изјави дека Министерството за култура за обновата на конаците одвоило два милиони евра.

elizabeta-kanceska-milevska-640x294

-Овде конаците ќе се изградат според проектот оти Трексавец е од највисок ранг споменик на култура. Рокот е три години. Засега се тече според планот. Се договоривме и за уште еден друг пристап до манастирот за камионите, за непречено изведување на градежни работи. Од фирмата „Кото“ велат дека ќе се потрудат да ги забрзаат градежните работи и да ги изградат конаците според сите стандарди, рече Канческа Милевска.

аралелно Прилепскиот Завод и Музеј работи на проектите за црквата, магерницата и трпезаријата кои датираат од 13 век.

treskavec-uvid2-640x427

Според министерката Канческа – Милевска, елаборатот за сите зафати треба да биде готов следната недела.

– Одредена превентивна заштита е потребна, а проектите треба да бидат готови крајот на годината. Идната година да започнеме со конзервација, додаде Канческа Милевска.

Реконструкцијата на целиот манастирски комплекс треба да се заврши до 2018 година.

treskavec-uvid3-640x427

Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески изјави дека обновата на манастирот значи многу за општината, односно за развојот на манастирскиот туризам.

Посочи дека манастирот е еден од најубавите на Балканот и е многу посетуван. – Постојано вложуваме во развојот на културниот туризам, додаде Ристески.

treskavec-uvid4-640x427

Отец Калист истакна дека за МПЦ е важна и изработката на проектите за црквата, трпезаријата и магерницата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top