Науката кажува дека омразата не е дел од природата, таа е производ на човековиот ум. Неговиот извитоперен дел, одраз на неговата немоќ да најде во себе љубов, креација и амбиција. Признавање на сопствената ништожност. Гнев кој се кумулира во тоа себепрезирање, усмерен кон другите и стремеж да им се нанесе болка поголема од сопствената. Омразата не бира цел и причина. Секоја цел е добредојдена ако е видлива, јавна, забележана од што е можно поголема публика.
Дури и омразата кон злото го уништува оној кој мрази. (Брехт)
На Македонија и недостасуваат многу работи, но никој од нас не е совршен, па зошто би била Македонија подобра од нас самите кои ја сочинуваме. Во таа несовршеност поминавме многу тешки денови, дури и војни останаа зад нас. Но, никогаш Македонија не видела ваква омраза. Омраза која доаѓа со појавата на Зоран Заев.
Имало многу политичари на врвот или блиску до него, некои од нив биле и на граница на здравиот ум, но само еден е отаде границата, отаде умот – Зоран Заев.
Негово качување по скалилата на моќта е проследено со години минати во вовлекување, полтронство, бацување кондури на оние над него. Понижувања, свест за сопствената инфериорност, маргиналност, неспособност, гнев и лицемерие.
Неговата моќ која сега ја има не е моќ стекната во политичка борба, судир на тимови, идеи и вредности. Не. Неговата моќ е фаустовската подготвеност да одработи најцрни, најмрачни валкани планови на ликови слични на него. Да биде експериментален глушец од дното на канализациите кој во јавниот, не би рекол политичкиот живот, внесе зло и омраза која Македонија никогаш не ја видела.
Ни под турско, ни во големите војни, ни во сиромаштија. Никогаш.
Неговата моќ не е јавна, ниту политичка, тој за тоа нема капацитет. Неговата сила произлегува од криминално поседување туѓи приватни животи, од заканата дека може секогаш, секому и за било која причина која нему му се гледа профитна, туѓиот живот да го уништи со милион туѓи приватни телефонски разговори.
Денес јас, но утре си ти. Немој да се сомневаш во тоа, ако имаш било каква јавна вредност. Било сега, било во иднина.
Таа фаустовска моќ стаорецот Заев ја прими како своја последна шанса да ја напушти својата природна средина: мракот, канализациите, скапаните отпади… како одмазда за сопствениот хендикеп кон сите оние кои се поинакви, подобри, посовршени… а тој сакал да биде како нив. Но не можел. Не знаел. Немал капацитет.
Нема во тоа наши и ваши. Цел на неговиот стаорски угриз и повредување се и Бранко Црвенковски и Наташа Савова и Андреј Петров и Радмила Шекеринска и Ивор Мицковски… кои, номинално барем, се од неговата политичка страна.
Исто како и Никола Груевски, Сашо Мијалков, Миле Јанакиевски, Гордана Јанкуловска, Зоран Ставрвески… Латас.
Кога политичар, јавно, ќе изговори реченица дека некои лица од јавниот живот се негови најголеми непријатели, а патем не се ни политичари, ставил печат над признанието за сопствената фрустрација, пацовизам, извитопереност. Омраза која владее со него.
Нападот со неговите стаорски оружја од архивата на криминално стекнатите туѓи приватни телефонски разговори е, потоа, само прашање на ден.
Милиони луѓе во светот се заминаваат со политика. Но, никој освен Зоран Заев со таква леснотија не прифатил улога на стаорец кој поседува, монтира и објавува уништувања туѓи приватни животи.
Никој друг.
Никој не бил стаорец повеќе од него. Никој не покажал такво зло, завист и омраза во себе кон друг човек. Никој освен – Зоран Заев.
Само монструмите и касапите од ИСИС се негова конкуренција.
Заев не бара политичка победа, ни самиот не верува во тоа. Како ни касапите од ИСИС. И тој и касапите уживаат во злото, нанесувањето болка и ширењето омраза.
Во земјата на омраза, најмногу го мразат оној кој не мрази никого. (Иво Андриќ)
Никогаш не сум сакал да пишувам за себе, особено во понеделничките коментари, но објавувањето на два приватни телефонски разговори од лик кој се крие од себе, а на Јутјуб се потпишува како Никола Тесла, е јавна тема. Јас сум насловот на темата.
Од архивата туѓи приватни телефонски разговори со која располагаат Зоран Заев, Катица Јанева, извесен криминалец со прекар Чауш, подземниот полицаец Зоран Верушевски… и секој кој купил туѓи телефонски разговори од нив, а ги има многу такви, од таа архива се објавени два телефионски разговори во кои зборувам и јас.
Едниот е со директорот на Сител Горан Ивановски, другиот со заменик главниот уредник и новинар на Сител Ивона Талевска. Во првиот се зборува за работа, принципи, секс и оговарање. Во другиот се зборува за љубов.
Тие телефонски разговори, такви како што се објавени – не постојат. Монтирани се.
Во првиот разговор, со Горан Ивановски, воопшто не се спомнува името Ивона Талевска. Тоа е исечено и вметнато од другиот дел на разговроот кој не е емитуван, и има за цел на разговорот да му даде сосема поинаква содржина и последици од она што навистина се разговарало. Кој сака да го види тоа, со мала концентрација, може да го забележи вметнувањето на парче од разговорот кое не е дел од оригиналот.
Вториот разговор со Ивона Талевска воопшто не ни постои. На снимката, и без посочената концентрација, тоа може лесно да го види секој.
Но, разговори на познати лица на вакви теми, по дефиниција, предизвикуваат големо внимание и ехо во јавноста. А овде лицата се навистина многу познати.
Првиот разговор, со монтажата, е усмерен на разбивање на ударниот и највлијателен новинарски дел од Сител, според Зоран Заев неговиот најголем непријател.
Затоа, со монтажата, дел од разговорот се Горан Ѕинго, Латас, Ивона Талевска, Цаци Арсова со која е директно поврзан нејзиниот сопруг Александар Спасовски. Сите највлијателни на куп, со обид да се урнат со еден удар. Да се разбие меѓусебната лојалност, доверба и почитување.
Како најголем непријател меѓу непријателите, јас имам уште еден пуштен разговор – гратис, или бонус трак. Изјава на љубов од Ивона Талевска, разговор кој не постои.
Тоа треба да ми го разбие семејството, респектот и угледот во јавноста и меѓу колегите, да ми ја подрие самодовербата, личниот мир, борбеноста и почитувањето од сопствените деца, пријателите, сопругата и повеќе од стотина илјади фанови.
И сето тоа како вовед во апсењето од Катица Јанева, кое ми го најави Заев.
Дали тоа ми донело проблеми кои ги очекувале. Да, ми донело дел од проблемите во сопствениот дом, бидејќи триесет години моето семејство сум го држел што е можно подалеку од политика, од тајните и војните на мојата работа, од методите во политичките битки кои можат да одат до дно кое во други професии е незамисливо.
За луѓе кои живеат во нормален свет, незатруен од Заев и неговата банда, ваквите нешта се незамисливи, и ваквите пацовски методи се трауматични.
Меѓу колегите ми донело респект, како гладијаторот Максимус во борба против тиранинот, владетелот Комодус кој му го убил семејството за да дојде до власт.
Максиумус се одмаздува. Би им препорачал да го погледнат филмот на Заев, Верушевски, Палчо, Зоран Божиновски, Катица Јанева и свињата од Доказ.
А публиката, фановите… од 2001 не сум имал толку поддршка од публика како после објавување на овие пакувани телефонски разговори. Им благодарам.
По објавувањето, рано наутро, добив повик од амбасадорот на САД, Бејли, за состанок истиот ден. Темата на разговор беше објавувањето на разговорите.
Бејли изрази, верувам искрено, згрозување од настанот и поддршка да останам на нозе, сомневање во содржината и да бидам смирен и да оставам институциите да го истражат настанот и казнат виновникот.
Институциите не преземаа ништо. МВР, воден од СДСМ, не побара и обезбеди блокирање на линкот на Јутјуб, и барање податоци за изворот кој го поставил.
СЈО, на чело со Катица Јанева, не презема ништо иако има законска одговорност за ваквите телефонски разговори. Со тоа, темата постапка низ инстутуции е исцрпена.
Дали е виновен СДСМ. Не. И СДСМ, како и јас, има штета од овие разговори. Нивната кампања со наводно политички бомби сега е компромитирана, паѓа во втор план, затоа што е јасно дека разговорите служат за рекет, уцени и уништување. Не знам кој им ги дал разговорите како оружје, му реков на Бејли, но сега тој што им ги дал се соочува со брутална злоупотреба, рекет и зло за кое мора да сноси одговорност.
Рекетот е веќе на маса. Сопственик на голема градежна фирма, која Заев и СДСМ ја поврзуваа со ВМРО ДПМНЕ, платил 70.000 евра за да не се објавуваат негови телефонски разговори. Да не заврши како Латас, кој треба да му биде пример, му е речено.
Под рекет се уште три директори од Скопје, двајца од Кавадарци…
И, што сега. Злото е сторено. Тој што прифати дека е можно и нормално објавуавањето на бомбите на Заев да биде пракса, е соучесник во злото. И негова можна жртва, затоа што разговорите се продаваат. Некому ќе затреба токму твојот разговор. Утре, за месец или година… секој од нас може да се соочи со таа опасност. Со тоа зло.
Запирањето на злото е брутално исфрлање на Заев и бандата од политиката. Датумот е тука, на 5 јуни. А потоа… потоа секој што посегнал по ова зло ќе зажали.
Не мразам никого, не сум го почуствувал тоа со децении. Но, умеам да чекам.
Ако омразата е решение за омраза… што е на крајот од таа низа?
Драган П. ЛАТАС за ВЕЧЕР
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.