Откако СДСМ го продаде знамето и името на нацијата и државата, и не фрли во ендек крај патот кон Европа, откако повикуваа во 2001 против одбрана на сопствената држава и ни наметнаа федерален устав… сега се продава последното обележје на еден народ – јазикот. Со него, се продава и националноста, културата и традицијата.
Имаат ли овие Македонци, овде, некоја друга своја држава која е нивна национална, која ќе ги штити и се грижи за нив, за нивната нација, јазик и опстанок… како што го тоа имаат Албанците во Албанија и Косово. Не, ние сме само овде, и само сега.
Што уште останува, потоа, да се продаде. Ништо.
Дали треба да се вознемируваме со тоа што го губиме и последното национално обележје, што сами прифаќаме обврска дека мораме да комуницираме на албански под закана дека ќе бидеме казнети 5.000 евра, а Албанците не мораат да комуницираат македонски. Ниту со нас, ниту во институциите. Да, ова е многу повеќе од вознемиреност.
Дали е јазикот некое неважно реторичко, академско прашање?
Не, секако дека не е. Војни се воделе и водат околу тоа секаде околу нас. Ако не е важно, зошто ДУИ и Ахмети велат дека прашањето на албанскиот јазик во Македонија за нив е историска задача, ултиматум и клуч на нивната политика. Тоа е за нив, а за нас?
Ние сме во особено тешка состојба и под морање да го сочуваме како единствен државен јазик затоа што никаде на друго место македонскиот нема таков статус, за разлика од албанскиот јазик. И затоа што Бугарија не ја признава нацијата Македонци со образложение дека нема нација која нема свој јазик. За нив ние зборуваме бугарски.
Нема Македонци ни за Грција, а за Албанците ние сме само неосвоена територија.
Затоа, и за многу други нешта, државниот јазик за нас е прашање на опстанок.
Ако нема свој, единствен државен јазик, Македонија е само територија. Ако ви спомнуваат други двојазични држави, погледнете дека јазиците им припаѓаат на соседни народи и држави… имаме ли ние соседна македонска држава во која македонскиот е државен јазик. Не. Сами сме, само овде и само сега…
Без народ, без знаме, без општоприфатено име на државата. Недефинирана маса. Поле кое некој треба да го освои, да го обележи со свое знаме, свој народ и – свој јазик.
Загубивме отпорано се од ова, остана уште само националниот јазик, сочуван и потврден како единствен државен. Без него, се става точка на опстанокот. Ортаци сме на своето, иако ортакот е само дваесет проценти од целото, а и тоа е прашање бидејќи Албанците бегаат од попис, секако бегаат со причина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.