Дали претседателот Иванов смее да му даде мандат на Заев за спроведување на оваа политика, прашува Латас во последната колумна „Барикади“. Не смее, и заради кршење на уставот и заради закани од војна. Не се сомневајте, седницата во собрание на која Заев би го гласале за премиер, ако добие мандат, ќе биде ризик вон секоја контрола. Оваа држава се уште има и народ.
И тоа не е само национално прашање. Тоа е целосно личен, индивидуален ризик.
Погледнете како се живее под власт на албанскиот јазик. Не треба подалеку, погледнете во Косово. Погледнете во Тетово, Гостивар, Струга, Арачиново, Студеничани… Ти, што си гласал за Заев, за двојазичност и кантонизација и живееш во Скопје, Битола Струмица, Прилеп, Кавадарци, Штип… дали знаеш како живеат Македонците каде што Албанците ја имаат власта: Дебар, Тетово, Гостивар, Арачиново, Липково, Чаир… би се менувал ли со нив, или со Србите и Турците на Косово. Не. Не би се менувал.
Е, па – ќе мора да се менуваш. Заев, дипломатите и ДУИ ти го планираат тоа.
Заев сега го гази јазикот и иднината на сите Македонци, па и на неговите гласачи. Со кој образ неговите гласачи сега ќе им објаснат на жртвите дека биле прелажани?!
Нека не се правдаат и објаснуваат никому. Не се единствени. Нека сторат нешто да ја поправат своја грешка додека се уште имаат шанса за тоа. Нека ни се придружат.
Одбрана на својот дом, својот јазик и нација, на својата сигурност. Сега, и до крај.
Дојдено е времето на одмазда за продаденото знаме, продаденото име Македонија, за грабежите и отпуштања од работа, загубениот мир, углед и здравје…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.