| четврток, 6 декември 2018 |

Барселона го победи Рајн Некар, Вардар трет во групата

Барселона со 26:20 го победи Рајн Некар( полувреме 11:10), со што Вардар заврши на третата позиција во групата Б во Лигата на шампионите.

Со тоа во осминафиналето ќе игра со шестопласираниот од групата А, полскиот клуб Висла Плок. Тој важи за втор по клвалитет ракометен тим во земјата.

Средбата на Кире Лазаров и Борко Ристовски во ракометната Лига на Шампиони, го потврдија првото место на шпанскиот тим со што директно оди во четвртфиналето, додека германскиот Рајн Некар утре ќе го знае својот противник за следната рунда во Лигата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top