
Во последниот натпревар од Лигата на шампионите Вардар на домашен терен игра против Монпелје. По првото полувреме резултатот е нерешен (17-17).
Иако требаше да биде „ревијален“ натпревар во кој Вардар лесно ќе излезе како победник, избраниците на Раул Гонзалес се мачат да го скршат отпорот на гостите од Франција иако дојдоа само со 14 играчи.
Победата на „црвено-црните“ им значи во борбата за третото место кое носи и полесен противник во осминафиналето.
Натпреварот изобилува со пресврти во кој и двата тима не водат сметка на одбраната. Вардар мечот го започна во комбиниран состав, и иако веднаш направи разлика од 6-2, гостинскиот тренер ги консолидира редовите и успеа да фати резултатски приклучок.
Вардарци повторно се одлепија на 11-6, а Монпелје повторно благодарејќи на Драган Гајиќ кој постигна пет гола повторно се врати во натпреварот.
Во првото полувреме многу лош ден имаат двајцата голмани Страхиња Милиќ и Петар Ангелов кои заедно успеаја да фатат само една топка.
Во нападот Манасков постигна пет гола од кои четири од пенал, а Филип Лазаров и Алекс Дујшебаев беа стрелци на три.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


