Министерството за внатрешни работи да обезбеди услови за доизградба на крстот во Бутел, да ја врати локацијата во владение на изведувачот на градежните работи и да преземе мерки против сторителите кои го оштетија имотот на градежната парцела, побара Светскиот македонски конгрес (СМК) на мирниот протест пред МВР. Побараа оставка од техничкиот министер Оливер Спасовски., а по обраќањето на претседателот на СМК, Тодор Петров присутните се разотидоа.
Петров во говорот пред присутните порача дека во Македонија нема да се повтори украинското и сириското сценарио и оти нема да се дозволи војна на етничка и верска основа, со цел рекомпонирање на Владата заради промена на името на Македонија и идентитетот на македонската нација.
– СМК го осудува однесувањето на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој на 3 март не издаде наредба за заштита и им овозможи на протестантите од Чаир вандалски да го запоседнат и поганат градилиштето на крстот во Бутел. Дојдовме овде за да не одиме таму каде што треба, демонстрирајќи висок степен на одговорност за јавниот ред и мир, за да побараме министерот Спасовски да си ја изврши работата, наместо граѓаните да ја земат правдата во свои раце, како што тоа го прави градоначалникот на Чаир секојдневно и насекаде, кршејќи ги Уставот и законите, рече Петров нагласувајќи дека Чаир не смее да стане гето во центарот на Скопје.
СМК, додаде, го почитува правото на мирен собир, но апелира до граѓаните да ги почитуваат животите и имотите на граѓаните како неприкосновени и од Министерството за внатрешни работи бара еднакви мерки за нивна заштита и за сите со исти аршини. Петров потсети дека изградбата на крстот во Бутел е во согласност со Законот за локална самоуправа, не подлежи на бадинтерово мнозинство при одлучувањето и не повредува ничии права и слободи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?


