| четврток, 6 декември 2018 |

Лондонското дерби без победник, на потег е Лестер (видео)

Tottenham Hotspur vs Arsenal FC

Лондонскот дерби меѓу тимовите кои се главни аспиранти за титулата оваа сезона во Премиер лигата што се одигра на „Вајт Харт Лејн“ Тотенхем и Арсенал заврши само 2-2. Во битката што може да реши многу во битката за шампионската титула. Сега „спарси“ имаат два бода помалку од лидерот Лестер, кој допрва ќе го игра мечот против Ватфорд.

Арон Рамси во 39.минута го доведе Арсенал во водство со прекрасен удар со петица, но на самиот старт од вториот дел, Кокелан беше исклучен поради два жолти картони и го остави својот тим со играч помалку.

Тотенхем тоа брзо го искористи, Алдерверелд израмни на 1-1, а Хари Кејн со одличен погодок и донесе предност за домаќинот од 2-1. Сепак, Алексис Санчез успеа да израмни на 2-2, што на крајот беше и конечен епилог на оваа средба.


All Goals HD – Tottenham 2-2 Arsenal 05.03.2016 HD by zidanekrisz

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top