Претставниците на телевизиските куќи „Канал 5“, „Телма“, „Алсат М“, „Алфа“ и „Сител“ вчеравечер разговараа со заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Брајан Хојт Ји.
– Имавме речиси час и половина на г-динот Ји да му ја доловиме вистинската слика за состојбата во медиумите, односно за информативните програми – велат од ММА.
– Го запознавме заменик – помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања на САД, со состојбата околу авторските права, нашето работење, проблемите со драконски високите казни како и со нашиот предлог за Совет при АВМУ.
– Истовремено му потенциравме дека сегашното законско решение е одлично, со исклучок на неколку промени, но и го информиравме дека го потпишавме етичкиот кодекс за изборно информирање. Сметаме дека не ни требаат брзи и несреќни промени во актуелниот закон, туку побаравме да се прифатат нашите предлог измени – информираат од ММА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


