Екипата на Вардар денеска го игра последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите. Екипата е подготвена и максимално мотивирана со победа да го заврши овој дел од најелитното ракометно натпреварување со цел да се искачи на третото место на табелата, а потоа да добие и полесен противник во осминафиналето.
На гости доаѓа добро познатиот противник француската екипа Монпелје која со Вардар досега одиграла три натпревари и загуби на старот оваа сезона на домашен терен.
Тренерот на Вардар предупредува дека токму незначајниот натпревар за противникот може да доведе со крајно сериозна ситуација на теренот бидејќи Монпелје токму во такви натпревари знае да пружи и најдобар ракомет.
За да се стигне до третото место најпрвин треба да се слави победа над Монпелје, а потоа Барселона која е фаворит во мечот со Рајн-Некар да победи на домашен терен.
Победата вечерва треба да биде извојувана без услугите на можеби најдобриот поединец на Вардар оваа сезона, голманот Арпад Штербик. Тој доби поштеда од стручниот штаб бидејќи долго време влече хорнична повреда на тетивата.
Меѓутоа со формата на Страхиња Милиќ од Сегед Вардар треба да грижи особено што и гостите доаѓаат со комбиниран состав, со 14 играчи.
Натпреварот се игра во домот на Вардар, СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 17.30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.