| четврток, 6 декември 2018 |

Кари: Нема ништо лошо од тоа да посакам да бидам подобар и од Џордан

stef kari

Веќе е јасно дека Стеф Кари е играч кој поставува нови стандарди во НБА-лигата, предводник на тимот што урна бројни рекорди и атакува на уште неколку фантастични историски остварувања во елитното светско кошаркарско друштво. Станува збор за играч кој е исклучително квалитетен, но исто така и амбициозен, па Кари не се плаши да признае дека во кариерата има „само“ една желба – да биде подобар од најдобриот, недопирливиот Мајкл Џордан.

– Тоа е мојата цел, да бидам најдобар на сите времиња. Имам огромно почитување кон ликот и делото на Мајкл Џордан, но сметам дека нема ништо лошо да признам дека сакам да бидам подобар и од него. Тоа е желбата што ја имам – изјави Кари.

Извонредниот плејмејкер е свесен дека во моментов сепак далеку заостанува зад најголемите легенди на НБА-лигата.

– Знам дека салата е полна, се продаваат многу повеќе дресот, но дали сум баш како Мајкл Џордан? Гледајте, асови како Џордан, Бирд и Леброн Џејмс веќе направиле толку многу во своите кариери. Мене ме чека уште многу работа – реален е Стеф Кари.

Тој има 27 години, извонредни квалитети и е максимално амбициозен. Дали ќе го достигне нивото на „големиот“ Мајкл Џордан, ќе може да се дискутира дури по пет-шест години, доколку со Голден стејт ја продолжи својата доминација во НБА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top