Фудбалерите на Рома продолжуваат со одлични настапи во Серија А, каде „римската волчиц“ ја декласираше Фиорентина со 4-1 за својата седма победа во низа. Избраниците на Лучијано Спалети покажаа уште едно свое извонредно издание, па иако натпреварот го почнаа без класичен напаѓач, со Џеко на клупата за резерви, сепак успеаја да постигнат четири погодоци.
Мохамед Салах постигна два гола, а Ел Шарави и Пероти по еднаш се запишаа меѓу стрелците, додека единствениот погодок за Фиорентина беше дело на Иличиќ од пенал во последната минута од првото полувреме.
Рома со оваа победа сега има 56 бода, само два помалку од Наполи на втората позиција, со тоа што „наполитанците“ утре ќе го играат својот натпревар од ова 28. коло, на домашен терен против Киево.
AS Roma vs Fiorentina 4-1 All Goals & Full… by goal2016
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)