| четврток, 6 декември 2018 |

Лилард постигна 50 поени но Портланд загуби, Кливленд сигурен (видео)

demijan lilard

Бекот на Портланд Демијан Лилард беше ѕвезда на вечерта во НБА лигата во која беа одиграни десет натпревари.
Тој на гостувањето кај Торонто со својот тим Портланд постигна 50 поени, но сепак не можеше сам да стигне до победата.
Торонто славеше со 117-115 и ја продолжува борбата за првото место во источната конференција. Во таборот на домаќините се истакна Демар Дерозан со 38 поени но интересно реализираше 24 слободни фрлања по ред. Репторс со оваа победа остварија рекорд во историјата на тимот со 12 победи по ред на домашен паркет.

Кливленд се поигра со Вашингтон победувајќи со 108-83, а најефикасен беше Кајри Ирвинг со 21 поен и осум асистенции, дополнет и со Леброн Џејмс кој имаше 19 поени и 13 скока. Џон Вол на спротивната страна постигна 17 поени за Вашингтон.

Кливленд и натаму е пред Торонто на првото место на Истокот со скор од 43-17, додека Вашингтон, засега, е под местото кое води во плеј-офот. Тие се на 10. место со скор од 30-31.

Бруклин нетс во извонреден меч, по продолжение, со 121-120, славеа на гостувањето против Денвер.

Браун со 21 поен беше најефикасен кај Бруклин, додека Брук Лопез постигна 20 поени, а хрватскиот репрезентативец Богдановиќ – 17 поени. Во редовите на Денвер, Мудиај постигна 25 поени, а Херис – 21 поени.

НБА резултати:

Шарлот – Индијана 108-101
Орландо – Феникс 84-102
Филаделфија – Мајами 102-112
Бостон – Њујорк 105-104
Торонто – Портланд 117-115
Кливленд – Вашингтон 108-83
Мемфис – Јута 94-88
Милвоки – Минесота 116-101
Денвер – Бруклин 120-121 (пп)
ЛА Лејкерс – Атланта 77-106

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top