Тројца се повредени на протестите во скопската населба Бутел, јави порталот „Мкд.мк“.
Како што објави порталот двете групи, Албанците и Македонците, кои се разделени со кордон од полицајци, почнале едни на други да фрлаат со камења и други тврди предмети. Во Бутел и натаму е тензично. Полицијата ја контролира ситуацијата.
Вечерва група Македонци се собраа на околу 500 метри од местото планирано за изградба на крст. Таа локација од вчера е окупирана од приврзаниците на ДУИ кои сметаат дека општинската одлука на Бутел за изградба на крстот е нелегална. Активистите на ДУИ од вчера кампираат на локацијата до кружниот тек во Бутел.
фото: Мкд.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.