| четврток, 6 декември 2018 |

Нема услови за бегство од избори

Де­нот Д ко­га се од­лу­чу­ва­ше за кра­јот на „игра­та“ што ве­ќе вто­ра го­ди­на се слу­чу­ва во Ма­ке­до­ни­ја, бе­ше фи­ни­шот на нај­те­шка­та по­ли­тич­ка пар­ти­ја шах пред очи­те на ма­ке­дон­ска­та јав­ност. От­ту­ка, га­ран­ци­и­те што ги по­со­чи Гру­ев­ски ка­ко ли­дер на вла­де­јач­ка­та пар­ти­ја ВМРО-ДПМНЕ по сред­би­те со ме­ѓу­на­род­ни­те прет­став­ни­ци, пре­до­чи­ја уште нај­мал­ку тол­ку мо­мен­ти кои ги откри­ја по­те­зи­те со кои Ма­ке­до­ни­ја ја из­бег­на „пат-по­зи­ци­ја­та“

Игра­та „кој е кој“ во др­жа­ва­та ги истен­чи и нај­де­бе­ли­те нер­ви. Ко­га се чи­не­ше де­ка не­ма крај на по­ли­тич­ки­те не­воз­мож­ни ус­ло­ву­ва­ња од опо­зи­ци­ја­та, се­срд­но под­др­жа­на од ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца, ВМРО-ДПМНЕ ја оди­гра нај­сил­на­та пар­ти­ја шах во сво­е­то де­се­тго­диш­но вла­де­е­ње. Вла­де­јач­ка­та пар­ти­ја по­ка­жа зре­лост и од­го­вор­ност во мо­мен­ти ко­га опо­зи­ци­ја­та и осо­бе­но неј­зи­ни­от „ча­дор“ по­мис­ли­ја де­ка по трид­не­вен молк, на исте­кот на ро­кот за рас­пу­шта­ње на Со­бра­ни­е­то, ВМРО-ДПМНЕ и Ни­ко­ла Гру­ев­ски ќе за­и­гра­ат „на ѓон“.

– Од­лу­ка­та за из­бор­ни­от ден бе­ше во на­ши ра­це. Но, и од­го­вор­но­ста што ја но­си­ме за др­жа­ва­та и за на­ро­дот во неа. По дол­ги и де­тал­ни ана­ли­зи и кон­сул­та­ции, Из­врш­ни­от ко­ми­тет на ВМРО-ДПМНЕ до­не­се од­лу­ка за по­ме­сту­ва­ње на из­бор­ни­от ден од 24 април за 5 ју­ни, со цел не да го за­до­во­ли­ме СДСМ, би­деј­ќи тој, ка­ко и да е, ќе бе­га од из­бо­ри и од со­о­чу­ва­ње­то со на­ро­дот, ту­ку да не оста­ви­ме про­стор да би­де­ме по­греш­но раз­бра­ни од дел од на­ши­те гра­ѓа­ни, но и зло­у­по­тре­бе­ни од си­те оние што не ѝ са­ка­ат до­бро на Ма­ке­до­ни­ја и кои не­ма­ат ед­на­ков ин­те­рес ка­ко нас, Ма­ке­до­ни­ја да оди на­пред – образ­ло­жи пре­тсе­да­те­лот на ВМРО-ДПМНЕ, Ни­ко­ла Гру­ев­ски.

Не мо­же да не се за­бе­ле­жат не­и­зре­че­ни­те, но јас­ни по­ра­ки по Де­нот Д за овој со­став на ма­ке­дон­ски­от пар­ла­мент, по ни­за­та сред­би и слу­чу­ва­ња на по­ли­тич­ко-дип­ло­мат­ски­те актив­но­сти. Тие по­ра­ки се со­др­жат во оние пет точ­ки што про­из­ле­гоа од овие актив­но­сти.

– Низ ана­ли­зи­те и кон­сул­та­ци­и­те, прет­став­ни­ци­те на ЕУ и на САД нѐ убе­ди­ја во че­ти­ри ра­бо­ти: пр­во, де­ка ова ќе е единс­тве­но про­лон­ги­ра­ње и де­ка не­ма да има но­во ба­ра­ње од нив за про­лон­ги­ра­ње изра­зе­но во ко­ја би­ло фор­ма. Вто­ро, де­ка до из­бо­ри­те на 5 ју­ни по­ве­ќе не­ма да има раз­ни пре­го­во­ри за ор­га­ни­зи­ра­ње­то на из­бо­ри­те би­деј­ќи и тие се­га ве­ру­ва­ат де­ка ДИК ќе има до­вол­но вре­ме да ја за­вр­ши сво­ја­та ра­бо­та со пре­чи­сту­ва­ње­то на из­би­рач­ки­от спи­сок. Тре­то, де­ка не­ма да има по­ста­ву­ва­ња на ни­ка­кви но­ви ус­ло­ви за одр­жу­ва­ње на из­бо­ри­те на 5 ју­ни вклу­чу­вај­ќи го и за­ко­нот за ме­ди­у­ми­те; и че­твр­то, не­ма да има но­ви про­цен­ки од стра­на на ЕУ и на САД за тоа да­ли зем­ја­та е под­го­тве­на за из­бо­ри или не, за­тоа што со по­ме­сту­ва­ње­то на да­ту­мот овие не­шта се ап­сор­би­ра­ни – об­ја­ви Гру­ев­ски.

 

Не­ма пре­го­во­ри, не­ма олес­ну­вач

До­го­во­рот за про­ме­на на да­ту­мот за пред­вре­ме­ни­те пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри на по­вр­ши­на го по­ка­жа она што дол­го вре­ме се по­со­чу­ва во јав­но­ста, де­ка во пре­го­во­ри­те пре­го­ле­ма уло­га и вли­ја­ние врз ме­ди­ја­то­рот има­ат фа­кто­ри кои по ни­ед­на ос­но­ва не се дел од по­ли­тич­ки­от ди­ја­лог за над­ми­ну­ва­ње на кри­за­та.

Ако нај­го­ле­ми­от, ба­рем во ни­за­та пос­ле­ден ка­мен за соп­ну­ва­ње во та­ка­на­ре­че­ни­те пре­го­во­ри – но­се­ње нов За­кон за ре­гу­ла­ци­ја на ме­ди­у­ми­те – се по­ка­жа ка­ко из­лиш­но, но и по­ка­жа де­ка и по­стој­на­та ре­гу­ла­ти­ва да­ва рам­ка за ме­ди­ум­ска са­мо­ре­гу­ла­ци­ја ко­ја ќе при­до­не­се од ЕУ и од САД да се оце­нат јун­ски­те из­бо­ри ка­ко „ве­ро­до­стој­ни“- по­со­чу­ва са­мо приз­на­ние ток­му од исти­те тие „га­ран­ти“ де­ка СДСМ по­ста­ву­вал не­по­треб­ни ус­ло­ви и на­мер­но го ко­чел про­це­сот за на­вре­ме­но за­вр­шу­ва­ње на об­вр­ски­те.

Ток­му за таа га­ран­ци­ја, ко­ја ме­ѓу­на­род­на­та зад­ни­ца ја да­ла во ВМРО-ДПМНЕ, се­га најг­лас­но из­не­на­де­ни се при­пад­ни­ци­те на оној дел од ме­ди­ум­ска­та за­ед­ни­ца ко­ја ба­ра­ше да се при­фа­ти за­кон­ско ре­ше­ние под­не­се­но од ме­ди­ја­то­рот Пи­тер Ван­ха­у­те (да не се на­вра­ќа­ме де­ка тоа не би­ло европ­ско ре­ше­ние, ама би­ло кре­и­ра­но спо­ред мен­та­ли­те­тот). Но, ду­ри и ме­ѓу нив исп­ли­ву­ва­ат приз­на­ни­ја де­ка про­е­ктот за ме­ди­у­ми бил са­мо обид да се иско­ри­стат пар­ти­ски­те пре­го­во­ри, де­ка пред­ло­зи­те за ре­ше­ние би­ле не­из­др­жа­ни, ка­ко и де­ка во име на ме­ди­у­ми­те пре­го­ва­рал та­ка­на­ре­че­ни­от нев­ла­дин се­ктор кој се за­ни­ма­вал со пра­ша­ња­та на ме­ди­у­ми­те. Си­те овие приз­на­ни­ја до­а­ѓа­ат од пер­о­то на нај­го­ле­ми­от кри­ти­чар на вла­ста и еден од до­ско­реш­ни­те нај­го­ле­ми под­др­жу­ва­чи, па и кре­а­тор на по­ли­ти­ки­те на Зо­ран За­ев, Бран­ко Ге­ро­ски.

До­би­е­ни­те га­ран­ции, пак, де­ка не­ма по­ве­ќе пре­го­во­ри кон ор­га­ни­за­ци­ја на из­бо­ри­те ка­ко и но­ви ус­ло­ву­ва­ња, зна­чи де­ка пра­ша­ња­та се ела­бо­ри­ра­ни и де­ка кол­ку и да се крие ка­да­рот на СДСМ во функ­ци­ја­та на прв чо­век на Др­жав­на­та из­бор­на ко­ми­си­ја, ќе мо­ра да си ја за­вр­ши ра­бо­та­та за ко­ја е по­ста­вен. Ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца, уве­ре­на де­ка Ко­ми­си­ја­та се­га ќе има до­вол­но вре­ме за да се за­вр­ши ра­бо­та­та со пре­чи­сту­ва­ње­то на из­би­рач­ки­от спи­сок, ја за­тво­ра вра­та­та за ид­ни поп­ла­ки по ова пра­ша­ње. Га­ран­ци­и­те се и па­то­каз на опо­зи­ци­ја­та де­ка ќе мо­ра да учес­тву­ва во овој из­бо­рен про­цес и да ги приз­нае ре­зул­та­ти­те. За да не­ма не­до­ре­че­но­сти, и ам­ба­са­до­рот на САД, Џес Беј­ли, по­ба­ра на из­бо­ри­те да учес­тву­ва­ат си­те пар­тии.

За­тоа и пр­ви­от чо­век на СДСМ, по нај­но­ви­от до­го­вор за вра­ќа­ње во жи­вот на Пр­жи­но, бе­ше при­мо­ран да ка­же де­ка пар­ти­ја­та „ќе ја пре­зе­ме од­го­вор­но­ста што ќе ѝ ја да­дат гра­ѓа­ни­те“. Ка­ква, пак, од­го­вор­ност ќе ѝ да­дат гра­ѓа­ни­те, јас­но им е и во СДСМ, ка­де што по­сто­ја­но се сле­ди рас­по­ло­же­ни­е­то на јав­но­ста.

Ме­ѓу ре­до­ви­те на овие две га­ран­ции се чи­та де­ка е раз­бра­на по­ра­ка­та за не­по­жел­но­ста и, во­оп­што, не­по­треб­но­ста од „ус­лу­ги­те“ на олес­ну­ва­чот кој, најб­ла­го ка­жа­но, на­да­ле­ку из­ле­та од нор­ми­те на од­не­су­ва­ње кои ги но­си ме­ди­ја­тор­ска­та функ­ци­ја. Оваа га­ран­ци­ја во се­бе го со­др­жи уви­ду­ва­ње­то на ис­прав­но­ста на ВМРО-ДПМНЕ, ко­ја не­кол­ку де­на пред, ка­ко што ве­лат стран­ци­те, „вра­ќа­ње­то на Пр­жи­но во жи­вот“, со­оп­шти де­ка Ван­ха­у­те ве­ќе е „са­мо ту­рист“. Ду­ри и ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца по­ве­ќе не мо­же­ше да ги оправ­ду­ва ни­за­та на­вре­ди и не­по­чи­ту­ва­ња на др­жа­ва­та, на на­ро­дот, на исто­ри­ја­та, па и на по­ли­тич­ки­те прет­став­ни­ци, ка­ко на пар­ти­ја­та та­ка и на др­жа­ва­та. Осо­бе­но што не­го­ви­те актив­но­сти на со­ци­јал­ни­те мре­жи упа­те­ни кон јав­но­ста са­мо ги на­до­пол­ну­ваа др­ско­ста и не­по­чи­ту­ва­ње­то иска­жа­ни на пре­го­ва­рач­ка­та ма­са. Со га­ран­ци­ја­та де­ка не­ма по­ве­ќе пре­го­во­ри, осо­бе­но оние во кои ќе по­сре­ду­ва бел­ги­ски­от ме­ди­ја­тор, ВМРО-ДПМНЕ оста­ви про­стор и ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца, пред сѐ, да се за­шти­ти од скан­дал во кој „не­ус­пех“ ќе бе­ше нај­без­бол­на­та од ни­за­та ква­ли­фи­ка­ции што ќе сле­ду­ваа.

 

От­стап­ки за раз­об­ли­чу­ва­ње на сце­на­ри­ја­та

Без га­ран­ции ка­кви што да­доа Бри­сел и Ва­шин­гтон, од­ло­жу­ва­ње­то на из­бор­ни­от ден не ќе бе­ше мож­но. Од­не­су­ва­ње­то на чле­но­ви­те на СДСМ оста­ви­ло про­стор за сом­неж де­ка ќе се оби­дат да го зло­у­по­тре­бат пер­и­о­дот до из­бо­ри­те за да из­бе­га­ат по­втор­но од нив. Но, и да ја втур­нат зем­ја­та во нов, по­црн па­ра­ле­лен си­стем.

Ток­му за­тоа Гру­ев­ски ја образ­ло­жи по­ли­ти­ка­та на ВМРО-ДПМНЕ из­ми­на­ти­от пер­и­од за кој, ка­ко што и са­ми­от по­со­чи, по­го­ле­ми­от дел од јав­но­ста го оце­ну­ва­ше ка­ко по­ли­ти­ка на мно­гу ком­про­ми­си, по­пу­шта­ња и от­стап­ки. Тие от­стап­ки не са­мо што при­ле­га­ат на од­го­вор­на по­ли­ти­ка на нај­го­ле­ма­та по­ли­тич­ка си­ла во др­жа­ва­та ко­ја ед­на де­це­ни­ја ја во­ди др­жа­ва­та, ту­ку и при­до­не­соа за комп­лет­но раз­об­ли­чу­ва­ње на опо­зи­ци­ја­та. До­кол­ку не се ус­пе­е­ше да се расч­ле­ни де­стру­ктив­на­та по­ли­ти­ка на СДСМ она­ка ка­ко што го на­пра­ви тоа ВМРО-ДПМНЕ, со мно­гу та­кти­ка и со ви­стин­ски вле­че­ни по­те­зи, ќе се соз­да­деа ус­ло­ви за зло­у­по­тре­ба на си­ту­а­ци­ја­та во мо­мен­ти ко­га фо­ку­сот и на до­маш­на­та и на ме­ѓу­на­род­на­та јав­ност е впе­рен во Ма­ке­до­ни­ја за­ра­ди бе­гал­ска­та кри­за.

Од­ло­жу­ва­ње­то на да­ту­мот на из­бо­ри­те е уште еден од тие че­ко­ри кои не­ма да оста­ват мо­мент на не­до­у­ми­ца кај до­маш­на­та јав­ност. До­кол­ку се стои на збо­рот, Бри­сел и Ва­шин­гтон не би тре­ба­ло да оста­ват шан­са др­жа­ва­та по­втор­но да вле­та во сце­на­ри­ја во мо­мен­ти ко­га од неа се оче­ку­ва ста­бил­ност.

От­ту­ка и си­гур­но­ста на ВМРО-ДПМНЕ де­ка пре­зе­ме­на­та од­го­вор­ност, но и пос­лед­на­та пар­ти­ја шах што вла­де­јач­ка­та пар­ти­ја ја оди­гра на по­ли­тич­ка­та сце­на со што ус­пеа да ја из­бег­не „пат-по­зи­ци­ја­та“ на др­жа­ва­та, на јун­ски­те пред­вре­ме­ни пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри ќе ѝ до­не­се нов, чист, ве­ро­до­сто­ен, че­ти­ри­го­ди­шен ман­дат.

Пишува: Наум Стоилковски
(Текст објавен во 182. број на неделникот „Република“, 26.02.2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top