| четврток, 6 декември 2018 |

Избегната несреќа на патничкиот воз Скопје – Битола

Вчера во 16.55 часот на дел од пругата помеѓу железничка станица Гостиражни и железничка станица Прилеп, патнички воз што сообраќал на релација Скопје-Битола наишол и удрил во поставени камења маскирани со гранки, најверојатно поставени од непознати лица.

Притоа била оштетена инсталацијата на машината со што бил загрозен железничкиот сообраќај, како и безбедноста на патниците.

Повредени  патници и возен персонал нема.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top